АТП донесе одлука да му ги одземе бодовите на Вимблдон, како одговор на санкционирањето на руските и белоруските играчи.
Да потсетиме, Вимблдон неодамна донесе одлука да им забрани настап на руски и белоруски тенисери.
Затоа АТП ги казни со одземање поени, што значи дека бодовите oд турнирот нема да се бројат, туку дека финансиските награди остануваат на сила.
„Способноста на играчите од која било националност да учествуваат на турнири по заслуги и без дискриминација е од фундаментално значење за нашата турнеја. Одлуката на Вимблдон да им забрани на руските и белоруските играчи да се натпреваруваат во ова лето е спротивна на овој принцип и интегритетот на системот за АТП рангирањето. Во отсуство на промена на околностите, со големо жалење констатиравме дека не гледаме друга опција освен да ги отстраниме бодовите од АТП ранг-листата од Вимблдон за 2022 година. Нашите правила и договори постојат за заштита на правата на играчите како целина.Вакците еднострани одлуки прават штетен преседан за остатокот од турнејата. Дискриминацијата на поединечни турнири едноставно не е одржлива на турнејата што оперира во повеќе од 30 земји“, беше официјално објавено.
Во соопштението се наведува и дека бодовите ќе се доделуваат на другите турнири во Велика Британија, како Квинс и Истбурн, а исто така на нив нема да има руски или белоруски спортисти.
https://twitter.com/BenRothenberg/status/1527709839010545664?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527709839010545664%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D20nav_id%3D2157885