Со недели се шпекулира дали Новак Ѓоковиќ ќе отпатува во Мелбурн поради строгите протоколи за Ковид на најмалиот континент.
Неизвесноста дополнително се зголеми откако тој се откажа од АТП купот во Сиднеј.
Сепак, на две недели пред почетокот на првиот Грен слем сезонава, Ѓоковиќ доби лекарско ослободување и потврди дека патува за Австралија каде ќе се обиде да стане најтрофејниот Грен слем играч во историјата на тенисот.
“Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и моите драги луѓе, се одморив од многу долгата и успешна сезона . Сега се селам во Австралија бидејќи добив изземање и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели . Ви благодарам на сите за поддршката . Одиме“, порача Ѓоковиќ на Инстаграм.
Отвореното првенство на Австралија е на програмата 17-30. јануари, а Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта титула во Мелбурн, четврта во низа.