Шест позитивни наоди за коронавирусот се откриени кај ракометната репрезентација на Србија.
Заразени се играчите Владимир Цупара и Богдан Радивојевиќ, како и членовите на стручниот штаб – тренерот Тони Херона, тренерот на голманите Димитрија Пејановиќ, физиотерапевтот Петар Радуловиќ и шефот на делегацијата Милорад Кривокапиќ, но покажуваат поблаги симптоми и се во добра состојба.
Во моментов се подготвуваат за Европското првенство во Унгарија и Словачка кое ќе се одржи во втората половина на јануари.
Двата контролни натпревари на Србија во пресрет на Европското првенство, кои се планирани за 7 и 9 јануари 2022 година со репрезентацијата на Германија, се откажуваат со цел да се преземат дополнителни мерки и да се намали потенцијалниот ризик од нови инфекции.