Годинешниот трансфер на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ предизвика тектонски потреси во фудбалот и сите имаа преголеми очекувања од него.

Но Аргентинецот статистички е далеку од бројките кои ги имаше во каталонскиот клуб. Има дури и такви кои мислат дека тешко ќе се вклопи во тимот на светците.

“Квалитетот на Меси е неоспорлив. Ако почнеш да се расправаш за него, тоа е затоа што ништо не разбираш од фудбал. .Ако ги погледнеш бројките на Меси во првите шест месеци се неверојатни.Тој и Мбапе учествуваше во речиси секоја акција на теренот. Тој е клучен играч“, беше директен Леонардо, директорот на ПСЖ.

Тој исто така им одговори на критичарите дека Аргентинецот не се движи доволно.

“Кој вели дека мора да трча 12 километри на секој натпревар? Играше во ист стил 20 години. Тоа се менува кога е опкружен со нови соиграчи. Но, тој се прилагодува бидејќи е генијалец, а другите наши генијалци се прилагодуваат на него. “ додаде првиот оперативец на францускиот шампион.