Швајцарецот Марко Одермат ја продолжи доминацијата во велеслалом во Светскиот куп.
Одермат денес триумфираше во Алта Бадија, негова трета победа во последните четири велеслаломи и четврта сезонава.
Втор со повеќе од секунда заостанување беше Италијанецот Лука ди Алипрандини, кој стигна до првиот подиум во кариерата пред Александре Шмит од Германија.
Хенрик Кристоферсен, победникот во велеслаломот во неделата остана без подиум, додека Хрватот Томислав Зубчиќ потфрли со лошо второ возење и го освои само 12. место.
Одемат има 380 бодови во генералниот поредок, втор е Норвежанецот Кристоферсен со 213, а трет е Италијанецот Де Алипрандини со 207.
Швајцарецот е лидер и во генералниот пласман на СЦ со 633 бодови, пред Австриецот Матијас Мајер со 405 и Норвежанецот Александар Омот Килде со 329.