Златото во машката штафета 4 × 7,5 километри и припадна на Норвешка, која го искористи целосниот колапс на Русија и со одлична трета и четврта измена стигна до златен медал .
Норвежаните беа во многу лоша позиција по втората измена, го држеа само шестото место со речиси две минути заостанување зад водечката Русија, но последните две измени и донесоа злато.
Јоханес Тингнес Бо и Ветле Сјастад Кристијансен направија одлични измени и на крајот обезбедија злато на Норвешка.
Бое имаше само две промашувања, Кристијансен ниту едно и со многу добри тркачки перформанси ја свртеа ситуацијата во своја полза.
За разлика од нив, Русите тотално потфрлија во последната измена. Едуард Латипов имаше дури пет промашувања, загуби премногу и на крајот остана без среброто откако беше престигнат и од Квентин Фијон Мејлет.
Французите го освоија среброто, иако не беа особено прецизни, имаа три промашувања во последните две замени.
Биатлон, штафета 4 × 7,5 км:
1. Норвешка 1: 19: 50,2
2. Франција +27,4
3. Русија +45,3
4. Германија +1: 04.3
5. Шведска +1: 49,4
6. Канада +1: 56,3
7. Италија +1: 58,6
8. Белорусија +1: 59,0
9. Украина +3: 41,3
10. Австрија +3.41.7