Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја коментираше денешната пресметка меѓу „кралевите“ и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Реал му гостува на ПСЖ во првиот дуел од осминафиналето на престижното европско клупско натпреварување.

„Мотивирани сме за овој двобој. Овој дуел е доволно квалитетен за да биде и финале во Лигата на шампионите. Треба да елиминираме ривал кој е меѓу најголемите претенденти за трофејот“, изјави Анчелоти.

Во минатото беше и на клупата на „светците“, но вели дека не му е лесно на Маурисио Покетино.

„Имам прекрасни спомени од времето во ПСЖ. Ми се допадна да работам таму, имав силна врска со навивачите, ова е еден од најдобрите клубови. Сепак, не е лесно да се справиш со тензијата во овој клуб, Покетино врши одлична работа. Не чувствуваме сериозна тензија пред натпреварот, мотивирани сме максимално и веруваме во успех. Последниот збор за Бензема ќе го имам јас и ако се чувствува добро, јасно е дека мора да игра“, истакна стратегот на Реал Мадрид.