Македонската тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 против противничката од Шпанија Алиона Болсова за место во четвртфиналето на турнирот во Чешка.
Ѓорческа почна лошо и го загуби првиот гем на свој сервис, но потоа направи три брејка до крајот на сетот кој ѝ припадна со убедливи 6-2.
Во вториот сет беше забележана поголема борба и лош сервис на двете тенисерки од третиот до шестиот гем, кога беа забележани дури четири брејка, односно по два на двете страни (3-3). Меѓутоа, најдобрата македонска тенисерка во финишот успеа да го искористи падот на концентрацијата кај Болсова и го доби сетот со 6-4.
Македонската тенисерка во четвртфиналето на турнирот ќе игра против подобрата од мечот меѓу Перин и Наваро.