Шкендија е на добар пат да се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА откако на гости во Рига ја совлада Валмиера со 1-2. Тимот на Артим Шаќири одигра одличен натпревар, потврди дека е поквалитетен состав и на крајот заслужено славеше триумф.

Останува сега да го потврди пласманот и на реваншот по седум дена во Скопје.

Љупчо Дориев во деветтата минута донесе водство за Шкендија. Тој се одлучи на удар откосо од левата страна и погоди во спротивниот агол. Валмиера израмни во 45.минута преку Геје, но Синдрит Гури обезбеди триумф за Шкендија со голот во 63.минута од мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=7O1U9FTUr58