Ерменскиот Пјуник успеа да ја победи Струга ТЛ со 3-1 во Ереван и го елиминира македонскиот шампион од Европските купови. Последниот гол вреден пласман во следната рунда Пјуник го постигна во 96.минута, а стрелец беше Михаил Коваленко.

Лукас Виљела шутираше од 25 метри, Дујмовиќ ја одби топката, натрча Коваленко и ја испрати во мрежата.

Пјуник ја анулираше предноста на македонскиот првак од првиот дуел во Охрид уште по првото полувреме.

Ерменскиот тим поведе со 1-0 со голот на Серж Дебле во 17.минута, а Михаил Коваленко во 45.минута ја удвои предноста на домаќинот.

https://twitter.com/i/status/1818327199361188327

Сепак, непосредно пред одморот проработе врската Буњамин Шабани – Бесарт Ибраими. Првиот асистираше, а вториот успеа да погоди за 2-1.

 

Ибраими беше стрелец и на првиот натпревар во Охрид, тогаш погоди од белата точка.

Во вториот дел сѐ до кобното судиско продолжение, се чинеше дека нема голови во второто полувреме, па двомечот ќе се решава во продолженија, или евентуално на пенали. Но, во последните мигови, по една навидум безопасна акција, Виљела шутираше, Дујмовиќ ја одби топката, а двојниот стрелец Михаил Коваленко беше најприсебен и ја затресе мрежата на Струга ТЛ за конечен триумф.