Србија двократниот олимписки првак по ред во ватерполо, доби лекција на Летните Олимписки Игри во групната фаза и доживеа неочекуван пораз од Австралија со 3-8 (0-1, 1-5, 0-1, 1-2).
Еден од најслабите ривали во групата на „делфините“ успеа да слави и тоа на убедлив начин. Ваков пораз Србија не памети во поновата историја. За три четрвртини, во 24 минути игра, фаворитот успеа да постигне само еден гол.
Имаше Србија проблеми во играта и организацијата, немаше сериозна акција, а и голманот на Австралија беше феноменален. Така, Србија загуби и пропушти шанса да обезбеди место во нокаут-рундата.
Во следното коло Србија игра со Шпанија, додека Австралија оди на мегдан со Франција.