Грчките ватерполисти се пласираа во полуфиналето на Светското првенство.
Тие ги совладаа САД со 16:11 (3:1, 4:6, 3:0, 6:4) во првиот четвртфинален натпревар во Будимпешта.
Грците до победата ги предводеше Аргиропулос-Канакакис со пет гола, а Генидунијас, Калогеропулос и Влахопулос постигнаа по три гола.
Најефикасни во селекцијата на САД беа Халок и Бовен со по три гола, а Гровел и Даубе постигнаа по два гола.
Грците го чекаат подобриот во полуфиналето од дуелот меѓу домаќинот Унгарија и актуелниот светски првак Италија.
Од 16 часот на програмата е балканската „класика“ меѓу Србија и Хрватска, а од 19.30 ќе играат Црна Гора и Шпанија.