Ализ Корне предизвика големи реакции и шок со изјавите во кои призна дека веројатно сите тенисерки имале коронавирус на Ролан Гарос, но дека договорот бил да се премолчи да не се зборува за тоа .
Француската тенисерка Ализ Корне го забележа 62. последователен настап на Грен слем турнирите и ја победи 27. носителка Јулија Путинчева со 6:3 и 7:6, но потоа приреди уште поголемо изненадување.
Годинава на Вимблдон Марин Чилиќ и Матео Беретини се откажаа од настапите поради Ковид, а Корне призна дека повеќето од тенисерите на Ролан Гарос биле заразени, но договорот бил да се премолчи.
„Имаше епидемија на Ковид и никој не зборуваше за тоа. Во соблекувалната сите ги почувствуваа симптомите и никој ништо не кажа. Кога видовме дека Крејчикова се повлече поради коронавирусот, сфативме дека целата соблекувална е заразена“.
„Сите можевме да имаме грип бидејќи сите имавме три симптоми, болно грло и сите игравме како се е во ред. Мислам дека имаше случаи на корона, но имавме согласност да премолчиме да не се тестираме за да нема проблеми. После тоа видов девојки со маски, веројатно затоа што знаеја дека се заразени и не сакаа да заразат други“, призна Корне.
На Вимблдон, постоеше загриженост за поширока зараза откако Чилиќ и Беретини се откажаа и сфатија дека имаат Ковид само еден ден пред нивните настапи, а овие изјави на Корне само ја зголемија таа загриженост, истовремено предизвикувајќи мноштво коментари на социјалните мрежи.