Ватерполистите на Италија се последен полуфиналист на Светското првенство (СП) во Будимпешта, откако триумфираа против Унгарија со 11-10.
Како пресуден се покажа периодот од половината на третата четвртина до последните две минути од мечот, кога Италијанците постигнаа четири, а примија само еден гол и имаа водство од 11-7, па Унгарците до крајот само успеаа да намалат на 10-11.
Италија в петок ќе игра против Грција во полуфиналето на СП, откако нашиот јужен сосед славеше против САД со убедливи 16-11. Во вториот полуфинален пар се Хрватска и Шпанија.