Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако славеше против Талон Грикспор со 3-0 во сетови, односно 6-4, 7-6 и 6-3.

Тенисерот од Холандија не беше голем предизвик за Алкараз, кој го доби првиот сет со 6-4 откако направи еден брејк, додека во вториот славеше во тај-брејк, а во третиот сет со два брејка стигна до 6-3.

Противник во третото коло на Алкараз ќе му биде Оскар Оте.