Македонските кошаркарски репрезентативци го декласираа Кипар со 102-61 и ја остварија четвртата победа на Европското првенство за играчи до 18 години.
Македонија го диктираше ритамот на паркетот и ја доби првата четвртина со 24-13, додека водството до полувреме се зголеми на 41-29.
Кипар се распадна по паузата, па Македонија со 33-14 во третата четвртина ги реши дилемите за победникот, но тоа не ја запре до крајот на средбата да ја зголеми предноста до конечни 102-61.
Најефикасен во македонскиот состав беше Стефан Стојковиќ со 20 поени, додека Михаил Карајанис постигна 14 поени за Кипар.
Македонија го освои првото место во групата Ц и ќе игра четвртфинале на јуниорското ЕП без разлика на резултатот во последното коло од групната фаза.