Во вулканот на белградската Арена Штарк, кошаркарите на Партизан им приредија ново незаборавно доживување на своите навивачи и на драматичен начин стигна до петтата победа во сезоната.

„Црно-белите“ имаа негатива од 10 разлика на помалку од четири минути пред крајот од дуелот со грчкиот Панатинаикос (63-73), а потоа, како многу пати во овие две сезони, се кренаа од бездната и дојдоа до голема победа од 92-87 по продолжение. Во финалните минути од основниот дел, Партизан направи 15-5, па дури преку Пантер можеше да дојде до триумф по 40 минути игра, но американскиот кошаркар ја загуби топката.

Во продолжението, домашниот тим ја имаше контролата над резултатот, брзо дојде до 88-80, ПАО подоцна намали на 87-90, но не можеше против разиграните домаќини и над 20 илјади навивачи во белградската Арена.

Иако не беше најефикасен на дуелот, клучен играч за победата на Партизан е повратникот во тимот Кевин Пантер кој сите свои 13 поени ги постигна во финалните четири минути и во продолжението. Имаше и една атрактивна асистенција кон Кабокло во финишот за цепелин со кој Партизан стави точка на мечот. Се врати и Аврамовиќ кој постигна пет поени за 10 минути во игра, но најави многу подобри денови за Партизан.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Реал 100-99
Монако – Олимпијакос 85-77
Макаби – Алба 102-81
Баерн – Виртус 90-76
Милано -Жалгирис 70-83
Партизан – Панатинаикос 92-87