Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите танцуваше со играчите за да го прослави пласманот на „Селесао“ во четвртфиналето на Светското првенство.
Сепак, некои експерти сметаа дека тоа е непочитување кон противникот.
„Се обидуваме да се прилагодиме на карактеристиките на играчите. Тие се многу млади и јас се обидувам малку да се прилагодам на нивниот јазик, а дел од нивниот јазик е и танцот“, изјави 61-годишниот стручњак и додаде дека играчите му кажале него дека ќе го натераат да танцува со нив ако дадат гол.
Не сите беа импресионирани. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, говорејќи за британската телевизија ITV, изјави дека тоа е непочитување кон противникот.
Сепак, Тите ги отфрли таквите наводи.
„Нема друго толкување освен среќа за голот, среќа за тимот, среќа за настапот“, рече тој.
Немаше непочитување кон противниците или кон нивниот тренер“, изјави бразилскиот стратег.
Бразил и Хрватска ќе играат во осминафиналето на Светското првенство на 9 декември на Градскиот стадион „Едукација“.