Лондонски Арсенал продолжува со максималниот ефект во Лигата на Европа откако на „Емирати“ го совлада ПСВ Ајндховен со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Гранит Џака во 71.минута од натпреварот.
„Топчиите“ беа подобар ривал и на крајот заслужено стигнаа до триумф.
По четири кола во групата А, Арсенал има максимални 12 бода, а ПСВ е второпласиран со седум бода.