По поразот од Реал во „Ел Класико“ и ремито рамно на пораз против Интер, во Лигата на шампионите, Барселона сиот бес го истури на Виљареал уште во првото полувреме од дербито во 10. коло од Ла Лига.
Натпреварот почна срамежливо и резервирано, но откако Барса „го отвори“ противникот, тој комплетно се распадна. Канонадата од голови ја започна Роберт Левандовски по една фантастична акција во 31. минута, која ја круниса со прекрасна финта во шеснаесетникот за да се ослободи и да бие прецизно. Само четири минути подоцна демонстрира и друг квалитет од својот репертоар, биејќи прецизно надвор од шеснаесетникот, а уште не заврши радоста за тој гол, кога Фати ја турна топката зад гол-линијата во 38. минута.
https://twitter.com/jacobotweets/status/1583180533668130816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583180533668130816%7Ctwgr%5E81b6bbd7f35edb52ac5ca0d7449bc78e62b5d0c9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fbarselona-go-terorizira-viljareal-tri-gola-za-osum-minuti-video