Реал Мадрид пројде во осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓутоа таму ќе ги нема другите шпански претставници Барселона и Атлетико Мадрид. Тоа означи и екстра профит кај Реал Мадрид, поточно повеќе пари за европскиот и шпански шампион по испаѓањето на ривалите.
„Кралевите“ се единствени шпански претставници во ЛШ, што значи дека нема да ги делат парите наменети за шпанските ТВ права кои ги доделува УЕФА.
Севиља исто така испадна од ЛШ и се пресели во Лига Европа.
Атлетико не успеа да го совлада Леверкузен и се сели во ЛЕ исто како и Барселона која запиша една победа од пет меча во групата во ЛШ.
Реал Мадрид ќе заработи најмалку екстра 8,6 милиони евра. Ако стигне до финалето сумата ќе скокне до 11,7 милиони евра.