По серијата слаби резултати, Лидс Јунајтед му врачи отказ на Џеси Марш кој повеќе не е главен тренер и клубот веќе бара ново решение.
Американскиот фудбалски стручњак Џеси Марш повеќе не е тренер на Лидс Јунајтед, потврди клубот на својата интернет страница.
Марш го презеде Лидс во јануари 2022 година и го задржа во елитната англиска лига. Моментално клубот е без победа во последните седум натпревари и е на 17. место во Премиер лигата, односно само едно место над зоната за испаѓање во Чемпионшип. Имаат 18 бода, исто колку и Евертон, кој е едно место зад нив.
Пред да дојде во Лидс во својата тренерска кариера, Џеси Марш беше помошник тренер на репрезентацијата на САД, по што раководеше со Монтреал Импакт, Њујорк Ред Булс, Ред Бул Салцбург и РБ Лајпциг.
Како што додаде Лидс, тие веќе бараат нов стратег.