Стефан Ристовски, капитенот на македонската репрезентација со сјајна асистенција му овозможи на Јосип Дрмиќ да даде гол во 13-та минута, а Мислав Оршиќ од пенал ја дуплираше предноста во 27-та, па Динамо сега има вкупни 4-1 од пресметката со бугарскиот првак, откако пред една недела го освоија Разград со триумфот со 2-1.
За седум минути, Јанков доби два жолти картони, па вистинско чудо сега би било ако Лудогорец со фудбалер помалку успее да се врати во овој двомеч.