Шпанска Барселона го доби Ајнтрахт Франкфурт за противник во четвртфиналето во Лига Европа, реши денеска ждрепката во Нион за завршницата за битката за трофејот во второто по ранг натпреварување.

Барселона ќе гостува на првиот меч на почетокот на идниот месец, а реваншот ќе го игра на својот „Камп Ноу“. Барселона ако помине во оваа фаза го чека подобриот од пресметката Вест Хем – Лион.

Ред Бул Лајпциг ќе се соочи со Аталанта, Вест Хем ќе игра со Лион, а Брага против Глазгов Ренџерс во трите други четвртфинални пресметки.

Финалето е во Севилја.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РБ Лајпциг – Аталанта

Ајнтрахт Франкфурт – Барселона

Вест Хем – Лион

Брага – Глазгов Ренџерс

ПОЛУФИНАЛЕ

Лајпциг/Аталанта – Брага/Глазгов Ренџерс

Вест Хем/Лион – Ајнтрахт/Барселона