„Ќе им укажам на моите ракометари – доколку го издржиме првиот налет од 15-20 минути, Романците ќе тргнат на „јуриш“. Ментално треба да го издржиме тој прв напад, и мислам дека ќе можеме да го исконтролираме цел натпревар“, вели Лазаров.
Романија е квалитетна репрезентација, изненадувања се можни, затоа мора да бидеме опрезни.
Романците одредија натпреварот да се игра во 48 часа и дури го сменија градот домаќин. Имајќи предвид дека Динамо Букурешт има голема поддршка во Лигата на шампионите ќе имаат голема поддршка. Треба да бидеме максимално сериозни и концентрирани“, коментира Кире.
Од Букурешт доаѓа добра вест, и покрај напорниот меч, сите играчи кои се најдоа на списокот на Лазаров се чувствуваат добро. Свесен е дека дел од повозрасните се потрошија повеќе од очекувањата.
Натпреварот меѓу Романија и Македонија се игра утре со почеток во 17 часот по македонско време.