Ник Кириос се подготвува за првото грен слем во својата кариера, финале во кое ќе се соочи со еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт Новак Ѓоковиќ.Битката за трофејот на Вимблдон е закажана за утре од 15 часот, а во пресрет на истото асот од Австралија испрати комплименти, убави зборови за големата тројка, играчите без кои едноставно не може да се замисли белиот спорт во изминативе 20 години.
-Никогаш повеќе нема да видиме борец како Рафа. Никогаш повеќе нема да видиме некој кој игра толку лесно како Рожер, а најверојатно никогаш повеќе нема да видиме некој кој игра и победува како Ѓоковиќ.
-Ќе биде тажно кога ќе заминат и кога тоа ќе се случи, чувствувам дека ќе можам да подигнам трофеј на грен слем, но не си правам притисок, -порача Ник.