Фудбалерите на Штутгарт со пресврт запишаа победа над Цирих (3-2) во натпревар од пријателски карактер.
Еден од стрелците за бундеслигашот беше Дарко Чурлинов. Македонскиот репрезентативец доби топка и шутираше по земја, па со помош на стативата погоди за 2-1 во второто полувреме.
21-годишникот се врати од позајмицата во Шалке 04 и наредната сезона ќе ја игра во редовите на Штутгарт.