Челси во 2. коло од Премиерлигата имаше лесна задача против Арсенал и славеше на гостувањето против „топчиите“ со 0-2.
Само половина час игра беше доволно тимот од „Стемфорд бриџ“ да си ја осигура победата.
Лукаку со својот првенец го отвори натпреварот со 0:1 во 15. минута, а потоа Џејмес зголеми на конечни 0:2 во 35. минута.
Челси по воведните две кола е со исто толку победи во Премиерлигата.