Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа уште еднаш зошто се очекуваат големи работи од него, откако во четвртфиналето на турнирот во Барселона го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2-1 во сетови, односно 6-4, 5-7 и 6-2.
Алкараз го скрши Циципас во деветтиот гем на првиот сет, кога ја искористи втората брејк шанса и поведе со 5-4, по што сервираше за освојување на сетот (6-4).
Вториот сет почна уште подобро за Алкараз, кој направи два брејка по ред и водеше со 4-1 во гемови, по што сите помислија дека тоа е крајот на Гркот, но Циципас се разбуди, па со три брејка во серија стигна до 7-5.
Алкараз не дозволи да му се повтори кошмарот од вториот сет, па со два брејка на почетокот на третиот сет лесно ги реши сите дилеми и го освои сетот со 6-2.
Шпанскиот тенисер во полуфинале на турнирот во Барселона ќе игра против Де Мино, кој беше подобар со 2-1 во сетови од Нори.