Џенова со реми (1-1) на гости кај Сасуоло ја отвори 2022 година. Тимот на Андриј Шевченко грчевито се бори за опстанок, а најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев на овој меч доби дваесетина минути во финишот од средбата.
Матија Дестро во седмата минута донесе предност за гостите на овој натпревар, а израмни Доменико Берарди во 55.минута од мечот.
Претходно, Лацио и Емполи одиграа 3-3, а Калјари славеше важен триумф (1-2) на гости против Сампдорија. Со идентичен резултат и Верона ја совлада Специја на гости.