Костариканскиот 20-годишен напаѓач Карлос Ривера постигна фантастичен гол за својот тим Сантос де Гапилес, во првенството на Костарика. Се играа последните моменти од натпреварот, односно 95 минута, кога Ривера доби една топка во близина на аут линијата пред протвничкиот гол.
На изненадување на многумина на стадионот, младиот фудбалер реши да шутира од огромна далечина и тоа го направи перфектно. Успеа да го матира гостинскиот голман и топката заврши во мрежата за победа од 2:0 на неговиот тим. Ова е голчиште што навистина вреди да се погледне.