Англичаните разочарани од поразот во финалето на ЕП се истепаа – помеѓу себе. Селекцијата на Англија вторпат по ред загуби во финалето на ЕП, откако синоќа беше немоќна во пресметката со новиот шампион на Европа, репрезентацијата на Шпанија (1-2) што многу тешко им падна на навивачите на Гордиот Албион.
Атмосферата на островот беше дека конечно е дојдено време да биде освоен првиот трофеј од едно големо натпреварување по 1966 година кога беа светски прваци, но тоа не се случи. Новиот неуспех тешко им падна на разочараните навивачи, кои по натпреварот направија инциденти на улиците на Берлин, но и низ Англија.
На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од тепачки помеѓу навивачите на Англија по поразот во финалето.