Фудбалерите на Монца продолжуваат со одличните резултати во Серија А, а денеска победија на гостувањето кај Болоња со 1-0.

Голот за победа на Монца беше постигнат во 25. минута, кога Донати ја погоди мрежата на домаќините.

Монца со новите три бода се искачи на деветтата позиција и има 29 бодови.