Борусија постигна гол за водство во 17. минута преку Елведи, но Херта до крајот на првото полувреме израмни преку Нганкам, а пресвртот беше комплетиран во вторите 45 минути.

Херта постигна гол за пресврт во 51. минута преку Дардаи, а во судиското надополнување паднаа уште два гола преку Шерхант и Лукебакио.

Борусија останува на 10. место со 26 бода, додека Херта има 17 бодови на 16. позиција, односно два помалку од безбедната зона.