Италијанскиот шампион Наполи ја прекина серијата од три натпревари без победа, откако денеска на домашен терен триумфираше со 2-1 против тимот на Салернитана.
Наполи имаше проблеми во нападот, па во претходните три меча не постигна гол, но затоа сега му даде два на ривалот, и тоа преку Политано од пенал и Рахмани, додека погодокот за гостите беше дело на Кандрева.
Поранешниот тим на Елиф Елмас се наоѓа на шестата позиција со 31 бод, односно 17 помалку од лидерот Интер.