Вардар 1961 се врати на победите овој пат кај Тиквеш на гости, и славеше 25-30.
Неизвесност имаше само во воведните минути, по водството на кавадарчани од 8-7, гостите со серија од 2-5 поведоа со 9-12, на паузата позитивата беше четири гола (12-16).
Вардар немаше проблем во продолжение, набрзина дојде на плус осум (12-20), како одминуваше мечот така ја зголемуваше предност која беше и двоцифрена (16-26).
На овој меч играше и Тимур Дибиров, кој пак не влезе во игра против Нексе во дуелот од Сеха лигата. Рускиот ракометар беше прв стрелец со седум гола, на другата страна Јанчев запиша шест, a се истакна и голманот на домаќините Марјан Велков со 11 успешни одбрани.