Ракометарите на словенечки Целје водеа против 11-кратниот европски првак Барселона, водеа од првата до последната минута, но на крајот останаа без ништо. Во натпреварот од 12. коло од групата Б од Лигата на шампионите , Целје 27:28 Барселона.
Целје одигра фантастично , постојано водеше, 15:12 на крајот од првото полувреме, 24:20 на половина од вториот дел, но залудно.
Барселона направи голема серија од 4:0 на крајот од натпреварот и од -3 (24:27), стигна до победата. Така двократниот европски првак остана непоразен сезонава.
Дика Мем и Хампус Ване постигнаа по пет гола за Барса, додека Гал Маргуч осум пати погоди за Целје, кој од клупата го предводи некогашниот ракометар на Вардар , Алем Тоскиќ.