Денес со почеток во 19 часот македонскиот шампион Вардар ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.
Во претходниот натпревар помеѓу овие две екипи Вардар славеше на домашен терен 34:27. Вардар нема право на кикс бидејќи води мртва трка за шампионската титула со Е.Пелистер.
За овој дуел свое видување има чуварот на мрежата на Кавадарчани, Марјан Велков.
“Не очекува тежок натпревар со минатогодишниот шампион. Знаеме колку е силен Вардар но исто така знаеме дека изминатиов период игра со осцилации и со променлива форма. Ние ќе пробаме да го одиграме договореното со нашиот тренер, да го изненадиме фаворитот и да му ги замрсиме сметките. Ќе излеземе на терен без бело знаме и со помош на публиката ќе се обидеме да оствариме позитивен резултат.” – изјави Велков