Ракометарите на Пелистер во драматичен натпревар го освоија првиот бод во Лигата на шампионите и тоа против Спортинг Лисабон играјќи 24-24.

Македонскиот претставник со двата гола на Кузмановски поведе со 2-0, а со тоа го најави доброто издание се до завршницата од натпреварот.  Се вратија гостите брзо по почетното водство на Пелистер, меѓутоа потоа следуваше серија од 3-0 со која избраниците на Ангеловски поведоа со 5-2.

Спортинг се консолидира во продолжение и на половина од првото полувреме изедначи на 7-7. Финишот од првото полувреме му припадна на Пелистер, па на пауза имаа водство од 15-13.

Пелистер во второто полувреме во 41. минута ги имаше највисоките на натпреварот „плус четири“ (20-16).

Но, тука како да застанаа ракометарите на Пелистер, не помогна ниту Митревски кој имаше неколку добри интервенции, не функционираше нападот. Во завршницата од натпреварот за 11 минути од 17-тата до 29 минута битолчани не постигнаа гол. Во цело второ полувреме Пелистер постигна девет голови, но на крајот сепак беше доволно да се избегне поразот.

Спортинг поведе и со три разлика, но Пелистер на крајот со серија од 3-0 во последните 70 секунди успеа да извлече реми. Херој беше Атанасијевиќ кој постигна гол буквално во последните моменти.

Кузмановски, Радивојевиќ и Пешевски со по пет гола беа најпрецизни во екипата на Еурофарм Пелистер, а на спротивната страна ист број голови постигнаа Мартин Кошта, Гури и Салвадор. Следен предизвик за битолскиот тим во Лигата на шампионите ќе биде гостување кај Висла, а претходно го чека дерби во домашниот шампионат со Охрид.