Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 3-0 ја победи Летонија во Рига и освои три нови бода во Лигата на нации со кои ќе го задржиме првото место и по третото коло. Головите ги постигнаа Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас.

Македонските фудбалери можеби и не блескаа, но дадоа дури три гола и ја остварија целта по која отидоа во Летонија.

Натпреварот беше изедначен, двете селекции имаа свои шаанси, ние ги искористивме нашите и на крајот дојдовме до убедлива победа.

Македонците имаа иницијатива во првото полувреме, но не многу опасни кон голот на Летонците. Сепак во 35. минута нашите избраници изведоа една фантастична акција, Елмас убаво додаде до Миовски кој асистираше до Атанасов, а тој реализира за водство на Македонија од 1-0.

 

Во финишот од првото полувреме Летонија можеше да изедначи, но Димитриевски имаше две одлични интервенции со кои го спаси нашиот гол.

Вториот дел го почнавме лошо, бевме без идеи, Летонија се закануваше по нашиот гол, но не успеа да изедначи. Казната за нивните промашени шанси дојде во 70. минута. Тогаш Димитриевски упати еден долг деганжман, топката дојде до Ќамили а тој го совлада летонскиот голман за предност до 2-0. Ова беше негов деби гол за Македонија.

 

Во судиското продолжение од натпреварот, една топка дојде до Елиф Елмас кој со силен шут и проектил од шеснаесет метри ја смести во мрежата на домаќините за победа од 3-0.

 

Следниот натпревар на Македонија е веќе во недела, исто така од 18 часот. Гостуваме кај Ерменија во Ереван, а тоа може да биде и клучниот натпревар за првото место во групата.

Головите од натпреварот: