Ариен Робен, 38-годишниот холандски фудбалер, го истрча првиот маратон во Ротердам, со време од три часа, 13 минути и 40 секунди. Минатата година Робен ги одигра своите последни натпревари во Гронинген, холандскиот прволигаш каде ја започна својата кариера и реши да ја одржува формата трчајќи.
„Ова навистина не беше забавно. Се борев и им благодарам на сите фанови и луѓе кои беа покрај патеката. Многу ми помогнаа. Се разбира, единственото нешто што е важно е што ја завршив трката, но повторувам, воопшто не беше забавно“, рече Робен откако истрча 42 километри низ улиците на Ротердам.
Робен остави најдлабока фудбалска трага како член на Баерн Минхен за кој на 201 настап постигна 99 голови. Играше и за ПСВ Ајндховен, Челзи и Реал Мадрид. Кариерата ја започна и ја заврши во Гронинген, додека за холандската репрезентација на 96 настапи постигна 37 гола.