Матиј Јоленбек во 65. минута го прекина првенствениот натпревар меѓу Аугсбург и Мајнц, иако немаше причина за тоа. Судијата го направи ова за да му овозможи на Муса Ниахате, капитенот на гостите, поради ифтар или да го прекине рамазанскиот пост. Тоа е историски настан за Бундеслигата, првпат поради ифтар да биде прекинат натпревар на една од најсилните лиги.
За муслиманските верници, месецот Рамазан започнува на почетокот на април и за време на него не јадат и не пијат ништо додека има дневна светлина. Многу фудбалери од муслиманска вероисповед не консумираат храна и пијалоци од утро до мрак а капитенот на Мајнц е еден од оние кои постат.
„На паузата меѓу двете полувремиња го прашав судијата дали е можно да има кратка пауза во вториот дел за да го прекинам постот“, изјави Ниахате по натпреварот.
Судијата Јоленбек, кој го повлече потегот за историја, ја опиша ситуацијата: „Муса ме праша дали ќе може да пие вода по зајдисонце, помеѓу 60-та и 70-тата минута од натпреварот. Се разбира, реков дека може. Му реков да сигнализир кога ќе дојде времето. Го чекав да се напие вода и така тој го заврши постот тој ден“. Откако Нијахате испи вода и енергетски пијалок, Џоленбек даде знак за продолжување на натпреварот, а капитенот на Мајнц истрча кон него за да му се заблагодари.