Баер Леверкузен со новиот тренер Чаби Алонсо доживеа фијаско на гостувањето кај Ајнтрахт во рамките на Бундес лигата. Минатото коло шпанскиот стратег дебитираше со убедлива победа над Шалке, сега доби шлаканица со убедлив пораз во Франкфурт од 5:1.

Камада во 45 минута го доведе Ајнтрахт во предност, а изедначи Хинкапи во 56. минута. Но од 58. минута па до крајот на мечот се тргна наопаку за „фармацевтите“. Коло Муани и Линдстром зголемија на 3:1 за Ајнтрахт, потоа црвен картон доби Хинкапи, а од пенал реализираше Камада.

Баер е на 16. место на табелата со 8 бода, зад него се само Шалке со 6 и Бохум со 4 бода.

Штутгарт со 4:1 го совлада Бохум, Вердер доживеја пораз на свој терен од Мајнц со 0:2, Волфсбург и Менхенгладбах одиграа 2:2.

Од 18:30 часот играат Лајпциг и Херта, утре Келн-Аугзбург, Унион – Борусија Дортмунд, Баерн – Фрајбург.