Партизан пропушти шанса да дојде до првата победа во Евролига. Во драматичен меч и по продолжение, Жељко Обрадовиќ и неговите момци беа поразени на гостувањето кај Басконија со 103-96.
Српскиот тим во голем дел од регуларниот дел на натпреварот имаше водство, во последните пет секунди имаше плус три, но Маркус Хауард со тројка се избори за продолжение (89-89). А таму по 5-0 на стартот, Партизан застана, истиот кошаркар на Басконија го поведе својот тим кон победата.
Пантер со 26 поени беше прв стрелец, на другата страна Хауард со 28 поени беше најдобар, постигна осум тројки.
Резултати: Фенербахче – Макаби 86-71, Олимпијакос – Жалгирис 90-80, Басконија – Партизан 103-96 (прод.), Милано – Алба 74-80, Валенсија – Лион 76-77.