Македонскиот интернационалец, Мартин Мирчевски продолжува да ниже голови во дресот на ТСЦ Бачка Топола во првата лига на Србија.
Мирчевски овојпат стрелаше на средбата против Вождовац која неговиот тим ја доби со 3-0. Офанзивецот влезе во клупата во 73 минута и веќе во 80 погоди за 2-0 и потврда на трите бода. До крајот домаќините стрелаа уште еднаш за заокружување на деветта сезонска победа со која се на второто место на табелата зад Црвена Звезда.
Што се однесува до Мартин ова за негов беше петти погодок на последните четири натпревари за ТСЦ Бачка Топола. Тој во моментов е на 6. место на листата на стрелци во најквалитетнаа лига кај нашиот северен сосед.