Лионел Меси периодов паузираше поради повреда, но се очекува наскоро да се врати во тимот на ПСЖ, што сепак не е гаранција дека нема да му се случи нешто во пресрет на СП во Катар.
Аргентинецот коментирајќи ги повредите на Пауло Дибала и Анхел Ди Марија, потенцирал дека овој мундијал ќе биде специфичен и поразличен од сите други.
– Ова е поразлично светско првенство, се игра во друг период од годината и мал проблем може да ве елиминира од учество.
– Со ова што им се случи на Дибала и Ди Марија, јасно е дека секој индивидуално повеќе стравува за вакво сценарио.
– Нам ни останува да играме најдобро што знаеме и да се обидеме да не мислиме на тоа, – изјавил Меси.