Вториот противник на Македонија во квалификациите за Европското ракометно првенство во 2024, селекцијата на Турција, претрпе тежок пораз на својата премиера во овој циклус на гости кај Португалија.
Во гратчето Матошињос, Португалците немаа достоен противник во Турција и ја надигра со 44-27 Ваквиот епилог се насети уште рано во првото полувреме кога Португалија направи крупен чекор кон победата. По 3-3 во петтата минута, минаа седум минути без гол на Турците, водството дојде до 10-3, а во 20. минута порасна до 14-5. . Голови се редеа и на двете страни за резултатот да застане на 24-12 на паузата.
Најдобри стрелци кај Португалија беа Бранкињо, Кошта и Итуриза со по шест гола, а толку даде Јагмороглу кај Турците.
Тие ќе имаат ден помалку за одмор од Македонија, која синоќа го прегази Луксембург со 38-24, пред нашиот меѓусебен меч во Ван, в недела од 16 часот.