ЦСКА Москва на Сара Ристовска го надигра составот на Черноморочка со 32:23 во дуелот во првата лига на Русија.
Само пред неколку дена ЦСКА против истиот овој ривал оствари триумф во Купот, триумф вреден пласман во наредната фаза, сега уште еднаш го надигра, ама далеку поубедливо, посигурно.
Домаќиниот уште во првото полувреме се избори за предност од 18:12, позитива која дополнително ја зголеми во вторите 30 минути.
Македонската репрезентативка Ристовска одигра квалитетно, перфектно со четири гола од исто толку обиди за 30 минути на теренот.
Следен предизвик за Ристовска ќе биде гостувањето кај Лада Тољати.