Меси постигна два гола и забележа една асистенција на тој натпревар, со што ја надмина бројката од 1000 голови во кои учествувал во својата кариера, само во клупските натпревари. Сега има придонес во 1002 погодока или поточно 684 гола и 318 асистенции. Сето тоа го оствари за 812 натпревари, 776 во дресот на Барселона, а 36 во ПСЖ.
Ова е достигнување кое никој досега го нема ни помирисано, па дури ни Кристијано Роналдо, кој е далеку зад него со учество во 909 гола (692 гола и 217 асистенции на 929 меча). Ако се земе дека Роналдо пред точно 21 година почна во сениорскиот тим на Спортинг, пред да дојде во Манчестер јунајтед, тоа значи дека во просек учествувал по 43,2 гола по сезона, па за да го стигне подвигот на Меси би му требале две силни сезони. Сепак, минатата во Јунајтед имаше 18 гола и шест асистенции, така што далеку е од просекот на кариерата.
Меси уште во февруари ја надмина границата од 1000 гола ако се сметаат и за репрезентацијата, а сега само го потврди тоа и во клупските бои.