Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала се посрамоти синоќа на натпреварот помеѓу Рома и Шахтјор. Дибала во Рим беше пречекан како голема ѕвезда и навивачите на Рома се пресреќни што таков играч се согласи да игра за нивниот клуб. Тој пристигна од Јувентус по истекот на договорот на крајот на јуни.
Во генералната рунда пред почетокот на новата сезона, која започнува следниот викенд, „Волчицата“ ја победи екипата на Шахтјор со 5:0, а Дибала за првпат настапи на Олимпико. Секако, како играч на Рома, тоа претходно го правеше во дресот на Јувентус.
Иако генерално одигра добар натпревар, Аргентинецот се посрамоти на почетокот, веќе во 4. минута. Го изведе најлошиот корнер во кариерата, а секако потоа во снимките режисерот на преносот ја покажа и причината, а тоа е лошиот терен кај корнер знаменцето.
https://twitter.com/realSwiftKicks/status/1556592010097819649?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556592010097819649%7Ctwgr%5Ebc2f9035068f19af1179164d6c8fa47966044ccd%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Ftsel-rim-dojde-da-go-gleda-a-dibala-propisno-se-posramoti-video%2F